Нашиот Тим

Иванов Школа за Лидери

Алумни Асоцијација

Иванов Школа за Лидери – Алумни Асоцијација (ИСЛАА) е организација со седиште во Скопје, во којашто живее и се развива духот на преку 400 млади луѓе од Република Македонија и светот коишто се стремат да бидат предводници во соочувањето со предизвиците на современото време. Сите членови доаѓаат од различни културни, етнички и религиски припадности и живеат во Македонија или во други држави на Европа. ИСЛАА е организација којашто го продолжува она што веќе 10 години се создаваше и ќе продолжи да се развива преку Школата за млади лидери под покровителство на поранешниот Претседател на Република Македонија Д-р Ѓорге Иванов. ИСЛАА е продолжена рака на школата која ја продолжува нејзината благородна иницијатива за создавање на млади за иднината и вложувања во луѓе кои ќе растат во височина и придонесува во развивање на духот на лидерството.

Нашата цел е јасна

Обезбедување знаење и зајакнување на лидерството

ИСЛАА е целосно посветена на исполнување на својата визија, мисија и статут, преку развој и имплементирање на иновативни иницијативи. Знаеме дека малите земји се ограничени територијално и тие неможат територијално да се шират, меѓутоа не се ограничени да се воздигнуваат. Токму поради таа причина членовите на ИСЛАА сносат морална и колективна одговорност да ги поддржат активностите на организацијата во процесот на воздигнување, придржувајќи се кон универзалните принципи на солидарност, еднаквост и взаемно почитување.

Дејностите на делување на ИСЛАА се од голема палета на области, како што и самата идеја на Школата за лидери да промовира и мотивира лидерство на секоја функција и во секоја област со цел загарантиран напредок. Сите ние на одреден начин го моделираме нашето општество, нашите заедници. Од нас самите зависи нашиот личен успех, но и успехот на сите околу нас, успехот на целото општество.
Цел бр. 1
Одржување на соработката и односите помеѓу членовите
Придружни ни се
Цел бр. 2
Воспоставување на лидерски вредности и принципи преку нивните активности
Придружи ни се
Цел бр. 3
Промовирање на лидерскиот дух
Придружи ни се
Цел бр. 4
Воспоставување на долготрајно партнерство и оддржливост на проектот Школа за млади лидери
Придружи ни се
Previous
Next

Нашата цел е јасна

Обезбедување знаење и зајакнување на лидерството

Иванов Школа за Лидери – Алумни Асоцијација континуирано развива односи со членовите преку општествени активности, градење заедници и долгорочно вмрежување. Солидарноста, сплотеноста и обединетоста е она што е наш заеднички интерес. Заедно, членовите работат на креативни и иновативни проекти кои вклучуваат активности за подобрување на економската клима во земјата, елиминација на бирократски пречки и бариери, социјален и општествен развој.
Своите цели и задачи ИСЛАА ги остварува преку остварување на конкретни активности, организирање на заеднички проекти, трибини, дебати, тркалезни маси преку воспоставена соработка со организации во приватна и државна сопственост, институции, амбасади, здруженија, алумни организации и асоцијации, како и универзитети.

Вредности

Обезбедување знаење и зајакнување на лидерството

Членовите на организацијата постојано се вклучени во бројни процеси кои имаат за цел да да помогнат и да го олеснат процесот на генерирање на решенија за надминување на тековните предизвици во бројни области и подобрување на целокупната инфраструктура. Ова се рефлектира преку бројните обуки, семинари и конференции организирани од ИСЛАА во соработка со државни органи и институции, со цел да се подобри сегашната состојба во државата преку заедничка соработка и взаемна поддршка.
Ние сме лидери кои активностите ги насочуваме во правец на понудување на нови решенија, нови визии и нови погледи во овој забрзан свет. Тоа е од помош не само за Македонија, помош е за регионот, од помош е и за целата планета, бидејќи живееме во свет во кој навистина глобалното стана локално.

Вредности

Обезбедување знаење и зајакнување на лидерството

Членовите на организацијата постојано се вклучени во бројни процеси кои имаат за цел да да помогнат и да го олеснат процесот на генерирање на решенија за надминување на тековните предизвици во бројни области и подобрување на целокупната инфраструктура. Ова се рефлектира преку бројните обуки, семинари и конференции организирани од ИСЛАА во соработка со државни органи и институции, со цел да се подобри сегашната состојба во државата преку заедничка соработка и взаемна поддршка.
Ние сме лидери кои активностите ги насочуваме во правец на понудување на нови решенија, нови визии и нови погледи во овој забрзан свет. Тоа е од помош не само за Македонија, помош е за регионот, од помош е и за целата планета, бидејќи живееме во свет во кој навистина глобалното стана локално.

Приклучете се и добивајте
новости за ИСЛАА

Не ги пропуштајте најновите информации. Приклучете се!
Од нас може да очекувате да бидеме вредни, да бидеме исполнителни, но и секој пат етички предодредени. Во секоја наша одлука стои согледување на последицата од таа одлука и сознанијата што ги стекнуваме се трудиме да останат и бидат секој пат во нашите мисли и тоа неколку чекори понапред од другите, да размислуваме секој пат од аспект на иднината и да ги согледуваме сите последици од нашите одлуки кои мора да ги нносиме, да бидеме свесни за сето она што нам ни е пренесено, што треба да го сочуваме и да го пренесеме на следните генерации.

Ние не сме лидери на иднината, ние сме лидери на сегашноста, затоа што ние ја креираме реалноста која станува историја.

Мисија

Мисијата на Здружението е креирање на погодно тло за создавање и одржување на лидерски дух кај поединци кои го применуваат таквиот дух.

Визија

Визијата на Здружението е да стане цврсто вмрежена алумни асоцијација преку креирање на влијателен лидерски ентитет.
Организациски фокус 100%
Комплетирани проекти 86%
Влијание 100%

Главните активности на асоцијацијата вклучуваат:

Подигнување на свеста за личен и колективен развој, унапредување и меѓусебна поддршка
  • Почитување на принципите на солидарност, емпатија, поддршка, еднаквост и меѓусебна почит
  • Развој на дополнителни работни вештини и способности, соработка со приватниот и бизнис секторот и меѓусебна размена на идеи
  • Развој на демократијата, граѓанското општество и човековите права
  • Помош и заштита на лица со физички и ментален хендикеп, лица со попреченост во развојот и лица со посебни потреби
  • Заштита на маргинализирани групи и лица и нивно социјално вклучување
  • Унапредување на здравството, здравјето на луѓето и потребаа за медицинска гружа
  • Промовирање на уметноста, културата и заштитата на културното наследство
  • Промовирање на спортот и спортските активности
  • Заштита на животната средина и одржливиот развој
  • Децентралицација и зајакнување на локалната самоуправ
  • Вложување во наука, образование, доживотно учење, локален и инфраструктурен развој
  • Подигнување на свеста за хуманитарна и социјална помош и намалување на сиромаштијата
  • Справување со елементарни непогоди и настанатите последици
  • Заштита и грижа за правата на животните
  • Унапредување на свеста за добротворство и волонтерство
  • Вклучување во иницијативи и процеси за донесување на закони, примарно во областа на граѓанскиот активизам, здруженија на граѓани и младински програми
  • Воспоставување на трајна соработка со релевантни здруженија на граѓани и други институции.