Нашата Заедница

Заедница посветена на раст

Запознај се, поврзи се, соработувај

Акселера ги поврзува занаетчиите, малите бизниси, социјалните претприемачи со големите организации, инвеститорите и јавниот сектор. Акселера е основана од група на млади, амбициозни и иновативни луѓе, чија цел е да ги обедини малите и големите бизниси во земјата и на тој начин да обезбеди успех за секој бизнис на пазарот.


Предводени од идејата дека секоја новина и креативност на пазарот е добредојдена и треба да го најде својот пат до успехот, ние првенствено се стремиме да ги промовираме и понудиме овие иновации на клиентите, покрај тоа нашата платформа е мост помеѓу нив и постојните добро познати претпријатија, кои исто така ќе им помогнат да ја постигнат својата цел.
Ние овозможуваме соработки и оставаме свој печат.

Нашите цели

Поттикнувач на соработки и креатор на влијанија

Вистинска алатка за забрзување на раст или придонес кон компании водени од специфична цел

Нашата Заедница

Започнете, проценете и развијте го Вашиот бизнис преку нашата платформа. Тука сме да ве поддржиме во најважните фази и да Ве поврземе со партнери од витално значење за вашиот успех. Станувајќи дел од нашата платформа, ќе имате можност не само да го промовирате Вашиот бизнис, туку да соработувате со корпоративни и други организации, како и да учествувате во програми приспособени за Вашите потреби или ко-дизајнирани програми за забрзан развој и понатамошно зајакнување на Вашиот деловен модел. Пронајдете ја програмата која е најсоодветна за Вас, придружете се и искористете ја оваа можност за развој.

Големи претпријатија, организации и институции, дали се чувствувате одговорни за средината на која и служите? Дали сте навистина корпоративно општествено одговорни? Дали правилно ги насочувате ресурсите кон одржливи и свесни дејствија кои му служат на општеството во целина?

Акселера е тука да Ви помогне да ги пронајдете инвестициите и да ги пренасочите однесувајќи се во посовесно, поодговорно и општествено одговорно. Порнаоѓање и поддршка! Поддржувајќи некои од програмите, Вие директно инвестирате во развојот на еден занаетчија, претприемач, социјален претприемач, новоформиран или мал бизнис. Помагајќи им на патот кон постигнување на нивната мисија и визија, станувате оставате печат.
Повторно осмислување, пресоздавање и редизајнирање низ поставување на нови односи со клиентите
Создавање на нови промени преку заживување на бизнисот во целост
Зајакнување на бизнис моделите и зголемување на влијанието
Поврзување на занаетчиите со компании кои го поддржуваат растот

Акселера го препознава растот

Вистинска алатка за поттикнување на раст или придонес кон компании водени од јасна цел
0
Приклучени локални бизниси
0
Партнерства меѓу бизнисите
0
Постигнат успег
0
Стапка на успех

Приклучи се на нашето патување за забрзан раст и претплати се на нашите Акселера програми

Пат до успехот

Најдобра услуга и гаранција за раст

Нашата заедница ги поврзува занаетчиите, малите бизниси, социјалните претприемачи со големите организации, инвеститорите и јавниот сектор. Ние сме овозможувачи на соработки и креатори на влијание. Општествените прашања не можат да се решат сами, тие бараат соработка. Невработеноста е една тема за која имаме цел да помогнеме да се намали преку поддршка и промовирање на мали бизниси, стартапи и претприемачи во која било форма и облик од Западен Балкан W6, фокусирајќи се на Македонија.

Ги редефиниравме деловните модели придонесувајќи и продлабочувјќи ги односите со клиентите. Нови модели, нови концепти, нов начин на работа кој е добар за бизнисот и за општеството.