Wire wrapping техниката е многу стар начин на правење на накит. За прв пат се јавува во Египет, околу 1450год п.н.е. и тогаш се изведувала со злато. Оваа техника не бара специфични алатки за работа и токму тоа ја прави автентична, со задржан дух на традицоналноста. Не се користи лемење и е еден вид на еднолиниска уметност.
\”Жичка\” настана во 2021 година, како Инстаграм и Фејсбук профил за рачна изработка.
Жичка со своите производи има за цел да поттикне прифаќање на различностите, па токму затоа во еден пар може да се спојат две различни обетки. Исто така во парчињата накит често се наоѓа и нишка на феминизмот, со цел освестување на општеството и надминување на табуата поврзани со жената како битие. Секое од парчињата накит е посебно и уникатно, а истите се достапни за нарачка онлајн.